ЖЕЛЕЗНИЧКИ МОСТ НАД РЕКАТА ИЈСЕЛ

ЖЕЛЕЗНИЧКИ МОСТ НАД РЕКАТА ИЈСЕЛ

Новоизградениот железнички мост на реката Ијсел во Холандија има впечатлив изглед. Елегантниот црвен мост има е приближно 1km должина. Неговото растојание од водата изнесува 26m, па бродовите можат лесно да поминуваат под него. Вкупната должина изнесува 938m, должината на лакот 150m,вертикална висина од 9m, 763 парчиња бетонски шипови, 9100 тони конструкциски челик и бетонски столбови од 18 до 15000m³ се причините зошто овој мост припаѓа во групата на мостови кои го добиле прекарот “гигантски мостови”.

Локација:          

Зволе, Холандија

Година:              

2007-2012

БЕРЛИНСКИОТ МОСТ

БЕРЛИНСКИОТ МОСТ

“Berliner Brücke” лоциран во Хале-Германија, првобитно бил изграден во период од 1914-1916год. Застарениот мост бил заменет со нов, чија изградба започнала во 2004год. и завршила во 2006год. Овој мост претставува висечки мост со превртена Y кула. “Berliner Brücke”е 20.2m широк со должина на протегање од 171m. Висината на кулата изнесува 73.45m додека должината на висечките кабли е од 43m до 96m.

Локација:          

Хале, Германија

Година

2004-2006

МОСТ СЛОБОДА

МОСТ СЛОБОДА

 

“Sloboda Bridge” претставува висечки мост на реката Дунав во Нови Сад-Србија. Мостот бил тешко оштетен и надвор од употреба при бомбандирањето на Нато во 1999год. и бил обновен и повторно започнува со работа на 7 Октомври 2005год. Обновувањето траело 2 години и 22 дена. Вкупната должина на мостот изнесува 1312m додека ширината 27.6m. Главниот распон изнесува 315m.

Локација:          

Нови Сад, Србија

Година

2003-2005

PAG BRIDGE

PAG BRIDGE

Армирано бетонскиот мост се наоѓа на островот Паг во Хрватска. Мостот бил целосно реконструиран поради големите оштетувања предизвикани од корозија на арматурата. Овој мост над теснецот Фортика ја обезбедува фиксната патна врска од копното до островот Паг.Вкупната ширина на мостот е 301m со висина од 9m. Најголемиот распон изнесува 201m.

Локација:          

Паг, Хрватска

Година:              

Реконструиран во 1999

GABLENZBRÜCKE

GABLENZBRÜCKE

Стариот “Gablenz Brücke”доминирал во урбаниот пејзаж во центарот на Кил во Германија од 1910год. Поради зголемувањето на обемот на сообраќајот, во 2009год. мостот бил заменет од 340 метарскиот долг челичен мост. Мостот се состои од еден лак преку железничка пруга со пристап од две страни. Потпорните столбови и потпорите кои вклучуваат скалила и рампи за лицата со хендикеп, ја дефинираат структурата на двата краја. Новата структура претставува инспиративна замена за старото обележје на градот.

Локација:          

Кил, Германија

Година:              

2007-2009

GELBE BRÜCKE DUISBURG

GELBE BRÜCKE

“Gelbebrücke”претставува нов железнички мост преку каналот Рухр во Дуизбург во покраината на Северна Рајна – Вестфалија во Германија. Мостот е 134m долг и тежи околу 1600 тони. Вкупната ширина на мостот е 8.65m додека висината изнесува 15.05m.

Локација:          

Дуизбург, Германија

Година

2018-2019

MÜLHEIMER BRÜCKE

MÜLHEIM BRIDGE

“Mülheim Bridge” во Келн претставува висечки мост на реката Рајна во Западна Германија. Мостот има главен распон од 315m. Мостот бил првобитно завршен во 1929год. Од 14-15-ти Oктомври 1944год. мостот бил оштетен и надвор од употреба, но бил обновен помеѓу 1949 и 1951год. Најпосле бил реконструиран во 2019год. за да ги задоволи моменталните барања за сообраќај. Мостот бил обновен помеѓу 1949 и 1951год. и тој ја поврзува градската област Рајна од западната страна на реката со Милхајм од источната страна.

Локација:          

Келн, Германија

Година:              

Реконструиран во 2019год.

DALBRO OVER FUNDER ÅDA

DALBRO OVER FUNDER ÅDAL

Мостот преку долината во Скендерборг-Данска е најголемиот мост на новиот автопат А66. Биле применети неколку решенија на мостот, како што се поставување на две челични A-рамки,кои се всушност две цевки со 50m должина и дијаметар од 1400. Вкупната должина на мостот изнесува 727m, со 3.5m до 3.9m висина. Количината на челик што се користи за завршување на структурата е 3600 тони, како и 970 тони челик за преднапрегање.

Локација:          

Скендерборг, Данска

Година

2009-2010

TALBRÜCKE WERRATAL

TALBRÜCKE WERRATAL (A 71)

Со ширината од 1194.4m“TalbrückeWerratal (А71)”претставува втор најдолг мост на федералниот автопат А71. Распоните на осумнаесетте надградби на полето се: 50m + 61m + 65m + 70m + 75m + 75m + 80m + 85m + 80m +75m + 70m + 65.3m + 4×62.72m + 55,22m + 37m. Ширината на мостот изнесува 28.5m. Површината на мостот е 34 029m². Во конструкцијата се вградени 7600 тони челик.

Локација:          

Aјнхаузен, Германија

Година

2000-2003

STÖRBRÜCKE ITZEHOE

STÖRBRÜCKE ITZEHOE

Извонредниот мост се наоѓа на автопатот А23. Мостот е 1160m долг и поделен на два дела крајбрежен мост Југ (452.3m) и Север (582.5m). Поделен е на осунаесет полиња. Во средишниот дел поставен е челичен лак со висина од 22m. Архитектонски добро дизајнираните елементи и даваат на конструкцијата уникатен изглед што лесно се вклопува во низината. Во конструкцијата биле вметнати 2846 тони челик при изградба.

Локација:          

Ицехо, Германија

Година:              

2006-2009