KLIMAHAUS BREMERHAVEN

KLIMAHAUS 8°OST

“Klimahaus Bremerhaven 8° East” претставува научна изложбена сала во Бремерхафен– Германија. Се наоѓа во стариото пристаниште и е дел од Хавенвелтен. Формата наликува на брод. Нејзините четири изложбени области опфаќаат околу 18800m².Зградата со должина 125m и ширина од 82m е составена од два составни делови. Тешката челична конструкција со тежина од 1200 тони се поистоветува со големината на елементите од бродоградба. Klimahaus претставува зграда која нуди уникатно искуство.

Локација:          

Бремерхафен, Германија

Година

2005-2009

САЕМ ВО ШТУТГАРТ

САЕМ ВО ШТУТГАРТ

“Landesmesse” во Штутгарт–Германија било најголемо градилиште во Европа во времето на неговата изградба. Тој претставува архитектонски и функционално оправдан центар на уметничка изложба. Изложбениот простор со вкупна површина од 100000m² е лоциран во близина на аеродромот во Штутгарт и се состои од седум изложбени сали со 10500m²изложбен простор и дополнителна висока изложбена сала со околу 26800m² изложбен простор. Повеќе од 65000t челична конструкција биле употребена при изградбата.

Локација:          

Штутгарт, Германија

Година:              

2000-2007

ОХРИДСКА БАНКА

ОХРИДСКА БАНКА

Постојаната зграда е армирано-бетонска конструкција дизајнирана во 1997год. која се состои од подрум, приземје и два горни ката. Со реконструкција во 2013год. додадени се лифтовски окна, скалишни јадра и вентилациски јадра. Нето-површината на постојните нивоа е2076.36m². Во надградбата бил додаден уште еден кат во челичната конструкција. Надградбата е извршена со целосно демонтирање на кровот и кровната конструкција. Површината на додадениот кат изнесува 494.86m².

Локација:          

Скопје, С. Македонија

Година:              

Доградба во 2017

РЕМ ЦЕНТАР

РЕМ ЦЕНТАР

РЕМ центар e лоциран во центарот на градот Тетово, помеѓу зелен пазар и Веро. Искористената површина изнесува 25000m².РЕМ центарпретставува повеќенаменски комплекс што е поделен на девет целини и има: девет надземни ката и три подземни нивоа. Содржи хотел со пет ѕвездички, шопинг центар и станбена површина со околу стотина станбени единици.

Локација:          

Тетово, С. Македонија

Година

2010-2014

ЗЕЛЕН ПАЗАР

ЗЕЛЕН ПАЗАР

Реконструкцијата и адаптацијата се состои од три сегменти:

a)Реконструкција на постојните објекти со цел модернизирање на зградата.

б)Дислокација на зелениот пазар од источна страна.

в)Реконструкцијата и адаптацијата на зградата од јужна страна.

Конструкцијата има димензии 55.66m во должина, 36.3m во ширина , 6.2m на висина на надворешната површина и површина од 2020m².

Локација:          

Скопје, С. Македонија

Година:              

Реконструиран во 2011

ТАНКОВИ ЗА ФЕРМЕНТАЦИЈА

ТАНКОВИ ЗА ФЕРМЕНТАЦИЈА

Овој објект е изграден за потребите на Пивара Скопје. Претставува челична конструкцијасоставена од челични греди, столбови, рожници, распонки и спрегови. Објектот е со габаритни димензии, во x-правец 23.8m=7×3.4m, а во y-правец 24.5m=7×3.5m. Понискиот дел на конструкцијата, делот без кула изнесува H1=8m, a повисокиот дел има висина од H2 = 13.8m. Вертикалната комуникација е решена со двокраки скали, кружни скали и лифт од челични профили. Врските на објектот се заварени.

Локација:          

Скопје,С. Македонија

Година

2017-2018