EXPANDA

EXPANDA

Објектот е лоциран во индустриска зона Визбегово. Објектот се состои од две целини: складиште и канцеларии со севкупна површина од 2376m² од кои 1512m² припаѓаат на складиштето, додека 432m² на канцелариите кои се на две нивоа, на тој начин севкупна површина на канцелариитепретставува 864m². Вкупната тежина на челичната конструкција изнесува 130 тони.

Локација:          

Скопје, С. Македонија

Година

2012-2013

БАУМЕР

ФАБРИКА ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА СЕНЗОРИ

“БАУМЕР” е објект кој се состои од една целина во основа и административен дел кој е во склоп на производниот дел. Производниот погон е со распон од 40m и слободна висина од 4.5m. Административниот дел е на исто ниво со производниот погон. На едната калканска страна се наоѓа конструкција за настрешница со должина од 27mи ширина од 4.4m. Во поглед на конструктивниот систем објектот е предвиден од челична конструкција од топловалани профили. Кровната рамнина на објектот е предвидена на две води со слеме во средина на објектот и се протега по должина на објектот.Искористени се 194 тони челична конструкција.

Локација:          

Скопје, С. Македонија

 

Година

2018-2019

ФАБРИКА ПЕКАБЕСКО

ФАБРИКА ПЕКАБЕСКО

Овој објект е лоциран во село во близина на град Скопје. Магацинот за преработка на месо и дистрибуција на месни производи е поделен на четири единици. Носечката структура на градбата е челичен кров поставен на армирано-бетонски столбови. Вкупната бруто површина на објектите изнесува 20000m². Искористени се 1000тони челична конструкција при изградба.

Локација:          

Скопје, С. Македонија

Година

2009-2012

ОДВ ЕЛЕКТРИК

ОДВ ЕЛЕКТРИК

Објектот е лоциран во селото Мислишево во близина на градот Струга. Димензиите на производствената градба се 27mx90m со слободна висина  од 6.6m. Конструкцијата е направена од главна кровна челична решетка со растер од 6m. Вкупната површина изнесува 2340m² и искористенисе 170 тони челична конструкција при изградба.

Локација:          

Струга, С. Македонија

Година

2019

ДАНИЕЛ РУХТИ

ДАНИЕЛ РУХТИ

Објектот има две единици, фабрика за производство на столарија и административен / канцелариски простор. Максималните димензии во основа на објектот се 88.8m / 40m со максимален нагиб од 6.53. Производствениот погон формира целина од 40m x 78.4m, од 3136m². Административниот простор формира целина од 40mx 10m или 400m². Искористени се 120 тони челична конструкција при изградба.

Локација:          

Скопје, С. Македонија

Година

2013-2014

ФАБРИКА ИНГ-ЛУЛИ

ФАБРИКА ИНГ-ЛУЛИ

Овие објекти се лоцирани во близина на градот Струга. Капацитетите се наменети за производство на течни производи на сув малтер и HPS, како и за дистрибуција на готови производи. Покрај главните објекти има и помошни објекти како што се административна зграда, работилници, дворна површина и трафостаница. Вкупната бруто површина на сите објекти изнесува 7372m². Искористени се 600 тони челична конструкција при изградба.

Локација:          

Струга, С. Македонија

Година

2008-2010

АД ОРАНЖЕРИИ

АД ОРАНЖЕРИИ

Објектот е лоциран во село во близина на градот Ресен, Северна Македонија. Халата е наменета за производство на тули со распоред на димензии од 60m x 132m. Полиуретански панел е вграден како кровна облога. Халата има ѕид од тула од надворешна страна. Вкупна бруто површина на овој објект изнесува 11000m² и искористени се 450 тони челична конструкција при изградба.

Локација:          

Ресен, С. Македонија

Година

2008