Skip to content

ФАБРИКА ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА СЕНЗОРИ

“БАУМЕР” е објект кој се состои од една целина во основа и административен дел кој е во склоп на производниот дел. Производниот погон е со распон од 40m и слободна висина од 4.5m. Административниот дел е на исто ниво со производниот погон. На едната калканска страна се наоѓа конструкција за настрешница со должина од 27mи ширина од 4.4m. Во поглед на конструктивниот систем објектот е предвиден од челична конструкција од топловалани профили. Кровната рамнина на објектот е предвидена на две води со слеме во средина на објектот и се протега по должина на објектот.Искористени се 194 тони челична конструкција.

Локација:          

Скопје, С. Македонија

 

Година

2018-2019