ТРЕНД ПЛУС

ТРЕНД ПЛУС

Настрешницата се наоѓа во Скопје City Mall, за задоволување на потребите на Фуд бар Тренд. Настрешницата има форма на печурка со целосна висина од 3.3m и покрива површина од 185m² т.е. димензиите се околу 13.6m x 13.6m. Целата конструкција е направена од цевести кутиести профили. Просторното позиционирање на профилите е дефинирано од естетските барања на Инвеститорот и Изведувачот.

Локација:          

Скопје, С. Македонија

Година

2012

ПОДЗЕМНА СТАНИЦА ELBBRÜCKEN U4

ПОДЗЕМНА СТАНИЦА ELBBRÜCKEN U4

На 6-ти Декември 2018 година новата Elbbrücken подземна станица на линијата U4 била свечено отворена. Станицата била дизајнирана од архитектотВон Геркан. Лоцирана е на мостот Elbbrückenна крајот на новата област Хафен Сити. Со својата впечатлива кровна конструкција претставува пресвртница во развојот на областа Хафен Сити.

Локација:          

Хамбург, Германија

Година:              

2016-2018

ПОДЗЕМНА СТАНИЦА ELBBRÜCKEN S4

ПОДЗЕМНА СТАНИЦА ELBBRÜCKEN S4

На 15-ти Декември 2019год. возовите за прв пат застанале на новата Elbbrücken мeтрополитенска железничка станица (надземна железница).Кровната структура на надземната железничка станица креира елипсоиден лачен профил кој се состои од вкрстени заоблени челични рамки.Извитканите челични греди се распоредени така да формираат дијамантски облик на мрежа, во која поединечните лакови се стабилизираат меѓусебно.Горниот челичен мост обезбедува пристап до спојницата што ја поврзува подземната железница со надземната железница.

Локација:          

Хамбург, Германија

Година:              

2018-2019