ПОДЗЕМНА СТАНИЦА ELBBRÜCKEN S4
На 15-ти Декември 2019год. возовите за прв пат застанале на новата Elbbrücken мeтрополитенска железничка станица (надземна железница).Кровната структура на надземната железничка станица креира елипсоиден лачен профил кој се состои од вкрстени заоблени челични рамки.Извитканите челични греди се распоредени така да формираат дијамантски облик на мрежа, во која поединечните лакови се стабилизираат меѓусебно.Горниот челичен мост обезбедува пристап до спојницата што ја поврзува подземната железница со надземната железница.
Локација:
Хамбург, Германија
Година:
2018-2019