МАРИЛИ: Госпоѓа Стокуќа, Ве молиме прво да ни дадете краток опис на работата на Вашата компанија,со оглед дека годинава одбележувате 15 години од нејзиното постоење.
СТОКУЌА: Нашата компанија е формирана во 2000 година и оваа година слави 15 години од своето постоење. Тоа е семејна компанија во која мојот сопруг Зоран Стокуќа, кој е дипломиран градежен инженер,е управител. Нашиот тим е составен од млада, креативна и продуктивна екипа.
Дел од тимот поседува соодветно искуство и знаење, а младиот состав нуди нови иновативни вибрации, така што заедно претставуваме формула за успех.Сите дишеме како едно големо семејство и секојдневно заедно растеме и се развиваме. Фирмата „Стокуќа“ е флексибилна, усвојуваме нови програми и имаме перманентен прогрес, а тоа ни дозволува да преземаме нови и потешки задачи. Нашите врски ги градиме врз база на бизнис-етика и партнерски односи.
На почетокот во фирмата се работеше само проектирање, но подоцна ја проширивме дејноста и почнавме со инженеринг-проектирање, производство и изведба и сега на тоаработимеконтинуирано. Соработуваме со повеќе фирми од Македонија како изведувачи или подизведувачи.Во семејнатакомпанија работам шест години на местото менаџерка за технички прашања и систем за квалитет.
МАРИЛИ: Кажете ни каква е поврзаноста меѓу Вашето презиме и името на фирмата, дали станува збор за семејна традиција?
СТОКУЌА: Името на фирмата е всушност нашето презиме кое потекнува од Лика и случајно има градежно име и градежна традиција како од страна на семејството на мојот сопруг така и од страна на моето семејство. Нашата цел е продолжување на семејната традиција, која трае подолг период и пренесување на искуството и знаењето. Еден од нашите предци има учествувано во изработка на првиот проект за подземна железница во Белград, а потоа друг има учествувано како раководител во изведба на инженерски објекти на пруги: тунели, мостови и вијадукти.
Мојот татко работеше во ГП „Гранит“ и во периодот на изградбата на Скопје по земјотресот многу беа ценети инженерите, така штобеше логично барем едно од трите деца да тргне по тој пат.
МАРИЛИ: Вашата компанија нуди целосен инженеринг, проектирање и изградба. Би можеле ли да ги наведете најважните проекти и објекти од Вашата референтна листана кои сте работеле?
СТОКУЌА: Нашата компанија има работено на повеќе типови објекти, и тоа: индустриски објекти -магацини и производни хали, станбени објекти, административни објекти, хотели, мостови – пешачки и железнички, маркети и пазари, индивидуални станбени објекти, внатрешно уредување.
Како позначајни објекти би ги издвоила:
– Комплекс „Тафталиџе“ – Маркет, Зелен пазар и локали за инвеститор „Скопски пазар“ ад Скопје
– Деловно-трговски објект „Нептун“ и „МrBrikolage“ за инвеститор „Скопски пазар“ ад Скопје
– Магацин за складирање цигари и сувомесни производи со администрација за инвеститор „Експанда“ Скопје
– Хала за производство на фасадна столарија со администрација за инвеститор „Daniel Ruchti“дооелСкопје
– Магацин за складирање стиропор со администрација за инвеститор „ИнгЛули“ Струга
– Хала за производство на стиропор со администрација за инвеститор „ИнгЛули“ Струга
– Хала за производство на течни производи со администрација за инвеститор „ИнгЛули“ Струга
– Хала за производство на суви малтери со технологија во Вори, Тирана, Албанија заинвеститор „Ренова“ Тетово
– Изработка на проектна документација и изведба на челична конструкција за дел од комплексот „РЕМ Центар“за инвеститор „Ренова“ Тетово
– Изработка на проектна документација за доградба на производни капацитети за инвеститор „Ариљеметал“доо Скопје
– Изработка на проектна документација за конструкција за Универзална сала Скопје за инвеститор „Архи груп“ и Министерство за култура
– Изработка на проектна документација за конструкција за објекти во технолошки развојни индустриски зони во Македонија
– Изработка на проектна документација за хотел „Меркур“ за инвеститор „Ренова“ Тетово
– Изработка на проектна документација за мостови во Германија, Холандија, Данска, Србија
– Комплетен инженеринг за радарски кули во Либија, Косово и др.
На оваа референција би ја додала и мојата референција од моето претходно работно искуство во фабриката„Карпош“ ад Скопје. Таму работев 30 година,почнав како приправник инженер, а завршив како генерална директорка. Во фабриката„Карпош“ работев на конструкции од бетон, и тоа столбови за далноводи и мостови низ цела СФРЈ, индустриски објекти, цевки (колекторот за заштита на ОхридскотоЕзеро од отпадни и загадени води, колекторот за заштита на Преспанското Езеро) и други објекти.
Тука би го додала и искуството на мојот сопруг во „Искра Куманово“ каде што има работено на инженерски објекти од челични конструкции низ цела СФРЈ, како и во Ирак, Либија, Советскиот Сојуз идр.
МАРИЛИ: Дали планирате да работите и надвор од бившите ЈУ простори во биска иднина?
СТОКУЌА: Досега сме работеле на проекти и на објекти во Германија, Либија Ирак, Србија, Албанија и во Косово. Планираме да се прошириме на пазарот на Блискиот Исток за што веќе имаме остварено контакти.
МАРИЛИ: Дали ги следите современите текови во однос на воведувањето стандарди, обуки на кадри и сл.?
СТОКУЌА: Ние ги прифаќаме и детално ги проучуваме современите трендови, а тоа ни овозможува на секој инвеститор да му понудиме услуга, во согласност со неговите желби и барања. Тоа значи дека нашите стручни лица се специјализирани за индивидуални области, со што истовремено го задоволуваме квалитетот на нашите услуги.
Имаме воведено систем за квалитетISO 9001/2008; ISO 14001/2004; ISO 18001/2007, а како посебно признание за нашата работа е Сертификатот за работа по Еврокодови – сертификат со кој можеме да работиме комплетна документација – статика со детален инженеринг за конструкции за европски пазар EN 1090-2 EXC4 и EN 1090-3 EXC3. Поседувањето на овие сертификати зборува за нашите настојувања за постојан напредок во работата.
МАРИЛИ: Колку млади луѓе имате во тимот и дали тука се вклучени и членовите на Вашето потесно семејство? СТОКУЌА: Во нашата семејна фирма, освен сопругот,вработени се и трите деца – синот Милош Стокуќа(дипломиран градежен инженер), ќерките Марија Стокуќа Терзиевска, исто така, е дипломиран градежен инженер, а Јелена Андловице дипломиран инженер архитект. Во фирмата се вработуваат млади дипломирани градежни инженери и инженери архитекти, дипломиран новинар за водење администрација и дипломиран електро инженер. Во нашата компанија вработените се на возраст од 27 до 35 години, освен јас и мојот сопруг.
Креираме внатрешно хомогена екипа, во која ја одржуваме меѓусебната поврзаност, при што од идеите создаваме реалност,а целта ни е за вработените да создадеме мотивациониработни услови.
МАРИЛИ: Што значи да се биде успешна жена менаџер во семејна фирма, дали е полесно да се одговори на деловните, но и на приватните обврски?
СТОКУЌА: Успешна жена менаџер во семејна фирма значи високо ниво на посветеност на работата и вклучување во сите делови од работењето на фирмата од технички, административни, па до финансиски.Со прифаќањето на предизвицитесе добива можност за нови големи знаења и за придобивање на наши сопствени искуства.
Приватните и службените работни обврски ми се преплетени и, покрај тоа што сум вработена, сопруга и мајка, сегасум и баба на три внучиња на кои сум многу горда.