Стокуќа ДООЕЛ помеѓу 200 најуспешни компании во Македонија

Стокуќа ДООЕЛ помеѓу 200 најуспешни компании во Македонија. Целата листа може да ја погледнете на следниов линк: https://www.club200.mk/profile/STOKUKjA-DOOEL-Skopje

Дејност Архитектонски дејности
Менаџер
Позиција /
Приход 205,515,275.00 МКД
Раст приход %
Добивка 71,351,515.00 МКД
Раст добивка 210.51 %
Ранг најголеми
Ранг најуспешни 185
Вработени 20
Година 2019

STAHL-INNOVATIONSPREIS. STAHL IM BAUWESEN

GEWINNER 2018

Markante Haltestelle in Stahl und Glas

Steckknoten aus Stahl im „Mitoseum“

Fußgängersteg aus wetterfestem Baustahl

https://www.youtube.com/watch?v=F2foW2H0ctY

Ausgezeichnet in dieser Kategorie werden Bauteile, Elemente und Systeme aus Stahl sowie Bauwerke oder Konstruktionen, bei denen diese eingesetzt sind, und die maßgeblich neue Akzente hinsichtlich Konstruktion, Architektur, Wirtschaftlichkeit und Nachhaltigkeit setzen.

Die Projekte in der Kategorie “Stahl im Bauwesen” entstammen den Bereichen Geschossbau, Industrie- und Gewerbebau, Ingenieur-, Verkehrs-, Brücken- sowie Tiefbau. Innovative Fassaden- und Tragwerkskonzepte können ebenso eingereicht werden wie Bauteilkomponenten und Detaillösungen beispielsweise für Balkone, Treppen, Tore und Verankerungen oder effiziente Energie- und Sanitärkonzepte.

Alle ausgezeichneten Arbeiten werden in der Dokumentation „Stahl-Innovationspreis 2018“ vorgestellt. Wenn Sie Interesse an der gedruckten Version haben, senden Sie bitte eine Mail an sip@wvstahl.de.

Der nächste Stahl-Innovationspreis wird 2021 verliehen. Die Auslobung startet voraussichtlich im Sommer 2020. Möchten Sie mitmachen? Dann senden Sie bitte eine Mail an sip@wvstahl.de.

Нова железничка станица во Хамбург: најголем градски проект за урбан развој во Европа

Новиот мегапроект на германски железници HOCHBAHN во HafenCity, во Хамбург, Германија, претставува и најголем градски проект за урбан развој во Европа. Како дел од овој мегапроект е вклучена и македонската фирма „Стокуќа“ ДООЕЛ – Скопје, како посредник на германската фирма SEH Engineering GmbH, во изработка на проектот за челичниот дел од железничката станица.

Моментално овој проект е главен инфраструктурен проект во Хамбург и е во процес на изградба. Железничката станица се состои од три целини: кровна конструкција, два пешачки моста и скалишен дел со платформа.

Кровната конструкција е со должина од 136 метри, ширина од 31,7 метри и висина од 15,85 метри. Вкупната тежина изнесува 440 тони. Во попречен пресек, кровот е дефиниран како лак на два зглоба со два радиуса, но во основа носачите се поставени дијагонално во двата правци, со што се испреплетени, создавајќи полиња во форма на делтоид. Со вака дефинираната геометрија, се добиваат сложени торзирани главни носачи. Конструкцијата е составена од кровни носачи со променлив I пресек, кои се со зададен радиус и поради сложената геометрија на објектот се торзирани во подолжната оска.

Вкупно се изработени 224 кровни носачи, кои се спојуваат на градилиште со заварување. Под нив се прикачуваат рожници изработени од заварени кутијасти пресеци со вкупен број од 442 елементи, четири влезни портали и еден портал на кров, излез на мост во наредна фаза за поврзување со друг објект. Монтажата на рожниците е предвидена на едната страна со штрафење, а на другата со заварување. Целиот објект е покриен со стакло поставено врз рожниците, така што кровните носачи се на надворешниот дел од објектот.

Мостовите се со должина од 39,5 метри и ширина од 8,0 метри. Вкупната тежина изнесува 222 тони. На нив се предвидени да се постават шалтери и дуќани. Во работилница за еден мост беа направени два сегменти од 39,5 m должина и 4,0 m ширина и така транспортирани до објектот. Монтажата е изведена со заварување. На надворешните делови од мостовите е предвидено да се потпрат дел од кровните носачи.

Во делот за вертикална комуникација, освен скалите и платформите, постојат и два лифта со висина од 12,1 метар, изработени од челични носачи и стакло. Скалишниот дел со платформата е потпрен на два столба со сложена геометрија, од кои едниот е симетричен во двете оски, а другиот не е. Вкупната тежина на овој дел изнесува 115 тони.

Во моментот се монтирани двата моста и скалишниот дел со платформата, а кровната констукција е во тек на монтажа. Железничката станица е предвидена да се заврши и пушти во употреба во декември 2018 година, со капацитет да прифаќа 18 илјади патници дневно.

Подготви: „Стокуќа“ ДООЕЛ – Скопје (Драган Прастов, дипл.град.инж., Ненад Стојчевски, дипл.град.инж., Катерина Ѓорѓиевска, дипл.град.инж., м-р Марија Стокуќа Терзиевска, дипл.град.инж.)

 

Пет дами во градежништвото

Во рамките на Саемите за градежништво и недвижности, а по повод 8 Март, ден кој ја слави борбата за правата на жената, Скопски саем издвои пет жени од сферата на градежништвото, со цел да им оддаде простор за признание.

Па така, на последниот ден на саемските манифестации беа врачени петте признанија на пет дами кои оставиле значаен белег во изминатите години во областа на градежништвото. Добитнички на признанијата станаа Радојка Дончева, Олгица Стокуќа, Марјана Поповска, Јана Гугуловска–Ѓорѓевиќ и Драгана Чифлиганец.

Во образложението на Скопски саем се вели: „Нив ги издвојуваме од една страна како пионери и заговорници на градежниот шлем во женска форма, а други пак поради признанија и проекти кои се значајни во кратката македонска историја на македонската жена градежник. Градежништвото иако често перципирана како „машка“ професија, но трендот во Македонија говори дека тоа се стереотипи кои треба да се надминат.

Не само овие пет дами, стручњаци, професионалци, туку и многу други проектанти, инженери, машинци, се припадници на понежниот пол. Статистиката покажува и дека се повеќе има студентки на градежните факултети, што е знак дека се уриваат сите предрасуди и дека жената „машки“ излегува на терен“.

Интервју со г-ѓа Олгица Стокуќа, менаџерка во „Стокуќа“ дооел – Скопје

МАРИЛИ: Госпоѓа Стокуќа, Ве молиме прво да ни дадете краток опис на работата на Вашата компанија,со оглед дека годинава одбележувате 15 години од нејзиното постоење.
СТОКУЌА:
 Нашата компанија е формирана во 2000 година и оваа година слави 15 години од своето постоење. Тоа е семејна компанија во која мојот сопруг Зоран Стокуќа, кој е дипломиран градежен инженер,е управител. Нашиот тим е составен од млада, креативна и продуктивна екипа.
Дел од тимот поседува соодветно искуство и знаење, а младиот состав нуди нови иновативни вибрации, така што заедно претставуваме формула за успех.Сите дишеме како едно големо семејство и секојдневно заедно растеме и се развиваме. Фирмата „Стокуќа“ е флексибилна, усвојуваме нови програми и имаме перманентен прогрес, а тоа ни дозволува да преземаме нови и потешки задачи. Нашите врски ги градиме врз база на бизнис-етика и партнерски односи.
На почетокот во фирмата се работеше само проектирање, но подоцна ја проширивме дејноста и почнавме со инженеринг-проектирање, производство и изведба и сега на тоаработимеконтинуирано. Соработуваме со повеќе фирми од Македонија како изведувачи или подизведувачи.Во семејнатакомпанија работам шест години на местото менаџерка за технички прашања и систем за квалитет.

МАРИЛИ: Кажете ни каква е поврзаноста меѓу Вашето презиме и името на фирмата, дали станува збор за семејна традиција?
СТОКУЌА: 
Името на фирмата е всушност нашето презиме кое потекнува од Лика и случајно има градежно име и градежна традиција како од страна на семејството на мојот сопруг така и од страна на моето семејство. Нашата цел е продолжување на семејната традиција, која трае подолг период и пренесување на искуството и знаењето. Еден од нашите предци има учествувано во изработка на првиот проект за подземна железница во Белград, а потоа друг има учествувано како раководител во изведба на инженерски објекти на пруги: тунели, мостови и вијадукти.
Мојот татко работеше во ГП „Гранит“ и во периодот на изградбата на Скопје по земјотресот многу беа ценети инженерите, така штобеше логично барем едно од трите деца да тргне по тој пат.

МАРИЛИ: Вашата компанија нуди целосен инженеринг, проектирање и изградба. Би можеле ли да ги наведете најважните проекти и објекти од Вашата референтна листана кои сте работеле?
СТОКУЌА:
 Нашата компанија има работено на повеќе типови објекти, и тоа: индустриски објекти -магацини и производни хали, станбени објекти, административни објекти, хотели, мостови – пешачки и железнички, маркети и пазари, индивидуални станбени објекти, внатрешно уредување.
Како позначајни објекти би ги издвоила:
– Комплекс „Тафталиџе“ – Маркет, Зелен пазар и локали за инвеститор „Скопски пазар“ ад Скопје
– Деловно-трговски објект „Нептун“ и „МrBrikolage“ за инвеститор „Скопски пазар“ ад Скопје
– Магацин за складирање цигари и сувомесни производи со администрација за инвеститор „Експанда“ Скопје
– Хала за производство на фасадна столарија со администрација за инвеститор „Daniel Ruchti“дооелСкопје
– Магацин за складирање стиропор со администрација за инвеститор „ИнгЛули“ Струга
– Хала за производство на стиропор со администрација за инвеститор „ИнгЛули“ Струга
– Хала за производство на течни производи со администрација за инвеститор „ИнгЛули“ Струга
– Хала за производство на суви малтери со технологија во Вори, Тирана, Албанија заинвеститор „Ренова“ Тетово
– Изработка на проектна документација и изведба на челична конструкција за дел од комплексот „РЕМ Центар“за инвеститор „Ренова“ Тетово
– Изработка на проектна документација за доградба на производни капацитети за инвеститор „Ариљеметал“доо Скопје
– Изработка на проектна документација за конструкција за Универзална сала Скопје за инвеститор „Архи груп“ и Министерство за култура
– Изработка на проектна документација за конструкција за објекти во технолошки развојни индустриски зони во Македонија
– Изработка на проектна документација за хотел „Меркур“ за инвеститор „Ренова“ Тетово
– Изработка на проектна документација за мостови во Германија, Холандија, Данска, Србија
– Комплетен инженеринг за радарски кули во Либија, Косово и др.
На оваа референција би ја додала и мојата референција од моето претходно работно искуство во фабриката„Карпош“ ад Скопје. Таму работев 30 година,почнав како приправник инженер, а завршив како генерална директорка. Во фабриката„Карпош“ работев на конструкции од бетон, и тоа столбови за далноводи и мостови низ цела СФРЈ, индустриски објекти, цевки (колекторот за заштита на ОхридскотоЕзеро од отпадни и загадени води, колекторот за заштита на Преспанското Езеро) и други објекти.
Тука би го додала и искуството на мојот сопруг во „Искра Куманово“ каде што има работено на инженерски објекти од челични конструкции низ цела СФРЈ, како и во Ирак, Либија, Советскиот Сојуз идр.

МАРИЛИ: Дали планирате да работите и надвор од бившите ЈУ простори во биска иднина?
СТОКУЌА
: Досега сме работеле на проекти и на објекти во Германија, Либија Ирак, Србија, Албанија и во Косово. Планираме да се прошириме на пазарот на Блискиот Исток за што веќе имаме остварено контакти.

МАРИЛИ: Дали ги следите современите текови во однос на воведувањето стандарди, обуки на кадри и сл.?
СТОКУЌА: 
Ние ги прифаќаме и детално ги проучуваме современите трендови, а тоа ни овозможува на секој инвеститор да му понудиме услуга, во согласност со неговите желби и барања. Тоа значи дека нашите стручни лица се специјализирани за индивидуални области, со што истовремено го задоволуваме квалитетот на нашите услуги.

Следејќи ги новините во градежништвото присутни сме на обуки, предавања, семинари и симпозиуми во Македонија и надвор од нашите граници. Перманентно се надградуваат програмите за работа,а се врши и набавка на нови програми.
Имаме воведено систем за квалитетISO 9001/2008; ISO 14001/2004; ISO 18001/2007, а како посебно признание за нашата работа е Сертификатот за работа по Еврокодови – сертификат со кој можеме да работиме комплетна документација – статика со детален инженеринг за конструкции за европски пазар EN 1090-2 EXC4 и EN 1090-3 EXC3. Поседувањето на овие сертификати зборува за нашите настојувања за постојан напредок во работата.

МАРИЛИ: Колку млади луѓе имате во тимот и дали тука се вклучени и членовите на Вашето потесно семејство? СТОКУЌА: Во нашата семејна фирма, освен сопругот,вработени се и трите деца – синот Милош Стокуќа(дипломиран градежен инженер), ќерките Марија Стокуќа Терзиевска, исто така, е дипломиран градежен инженер, а Јелена Андловице дипломиран инженер архитект. Во фирмата се вработуваат млади дипломирани градежни инженери и инженери архитекти, дипломиран новинар за водење администрација и дипломиран електро инженер. Во нашата компанија вработените се на возраст од 27 до 35 години, освен јас и мојот сопруг.
Креираме внатрешно хомогена екипа, во која ја одржуваме меѓусебната поврзаност, при што од идеите создаваме реалност,а целта ни е за вработените да создадеме мотивациониработни услови.

МАРИЛИ: Што значи да се биде успешна жена менаџер во семејна фирма, дали е полесно да се одговори на деловните, но и на приватните обврски?
СТОКУЌА: 
Успешна жена менаџер во семејна фирма значи високо ниво на посветеност на работата и вклучување во сите делови од работењето на фирмата од технички, административни, па до финансиски.Со прифаќањето на предизвицитесе добива можност за нови големи знаења и за придобивање на наши сопствени искуства.
Приватните и службените работни обврски ми се преплетени и, покрај тоа што сум вработена, сопруга и мајка, сегасум и баба на три внучиња на кои сум многу горда.