ЧЕЛИЧЕН КРСТ

STEEL CROSS

Конструкцијата е наменета за армиран бетонски пиедестал со кружна форма со дијаметар од 7m, висина од 5.2m која е фундирана на дванаесет колови. Со висина од 5.2m од основата започнува изградбата на крстот со пресек на истиот од 4mx 4m. Крстот има вкупна висина од 56.45m. Вкупната тежина на челичната конструкција која е искористена при изградба изнесува 65 тони.

Локација:          

Скопје, С. Македонија

Година

2013-2014

ЕДГЕ АМСТЕРДАМ ЗАПАД

ЕДГЕ АМСТЕРДАМ ЗАПАД

EDGE AMSTERDAM WEST e 48000m² обновена деловна зграда од 1970 година. Зградата е надградена во напреден и одржлив канцелариски простор. Поставена е нова и спектакуларна стаклена купола за покривање на атриумот, преобразувајќи го неискористениот надворешен простор во нова срж на зградата со внесување многу природна дневна светлина во работните места.

Локација:          

Амстердам, Холандија

Година:              

Обновен 2018

ВАСИЛ ЧАКАЛАРОВ СКУЛПТУРА

ВАСИЛ ЧАКАЛАРОВ СКУЛПТУРА

Скултурата Васил Чакаларов е со околу 5m висина и должина од 8m. Целата скулптура е направена од бронза со дебелина од околу 7mm. Скултурата е поставена на постамент која е приближно 1.7m во висина и видливи димензии од 325cm ширина и 750cm должина. Целата скулптура стои на две точки: на мантијата на коњаникот и предната десна нога на коњот.

Локација:          

Скопје, С. Македонија

Година

2012-2013

ЧЕЛИЧНА ПОКРИВНА КОНСТРУКЦИЈА ЗА ТЕАТАР

ЧЕЛИЧНА ПОКРИВНА КОНСТРУКЦИЈА ЗА ТЕАТАР

Покривната челична конструкција е дел од новиот Театар во градот Тетово и се состои од три одвоени челични структури. Најголемата се наоѓа на кровот со димензии од 12.8m x 11.3m и тежина од 15.7тони. Останатите две се со димензии 11.8m x 10.3m и тежина од 9тони, и 5.4m x 5.4m и тежина од 2тони.

Локација:          

Тетово, С. Македонија

Година

2019

ТРЕНД ПЛУС 3

ТРЕНД ПЛУС 3

Проширувањето на ресторанот е планирано да се направи на приземјето од двете страни на постојаната зграда. Продолжените распони во двете насоки се: A=10.95m и B=25.85m. Висината на продолжените столбови е H=3980mm.

Локација:          

Скопје, С. Македонија

Година

2019

АТРИУМ РЕМ ЦЕНТАР

АТРИУМ РЕМ ЦЕНТАР

Атриумот во РЕМ ЦЕНТАР во Тетово е во форма на дијамант. Неправилните форми ги одредуваат димензиите кои варираат од 14m до 17m ширина, и 21m до 23m должина. Пресекот варира по должината на атриумот. Вкупната тежина на челичната структура изнесува 23 тони.

Локација:          

Тетово, С. Македонија

Година

2012-2013

ТРЕНД ПЛУС

ТРЕНД ПЛУС

Настрешницата се наоѓа во Скопје City Mall, за задоволување на потребите на Фуд бар Тренд. Настрешницата има форма на печурка со целосна висина од 3.3m и покрива површина од 185m² т.е. димензиите се околу 13.6m x 13.6m. Целата конструкција е направена од цевести кутиести профили. Просторното позиционирање на профилите е дефинирано од естетските барања на Инвеститорот и Изведувачот.

Локација:          

Скопје, С. Македонија

Година

2012

ПОДЗЕМНА СТАНИЦА ELBBRÜCKEN U4

ПОДЗЕМНА СТАНИЦА ELBBRÜCKEN U4

На 6-ти Декември 2018 година новата Elbbrücken подземна станица на линијата U4 била свечено отворена. Станицата била дизајнирана од архитектотВон Геркан. Лоцирана е на мостот Elbbrückenна крајот на новата област Хафен Сити. Со својата впечатлива кровна конструкција претставува пресвртница во развојот на областа Хафен Сити.

Локација:          

Хамбург, Германија

Година:              

2016-2018

ПОДЗЕМНА СТАНИЦА ELBBRÜCKEN S4

ПОДЗЕМНА СТАНИЦА ELBBRÜCKEN S4

На 15-ти Декември 2019год. возовите за прв пат застанале на новата Elbbrücken мeтрополитенска железничка станица (надземна железница).Кровната структура на надземната железничка станица креира елипсоиден лачен профил кој се состои од вкрстени заоблени челични рамки.Извитканите челични греди се распоредени така да формираат дијамантски облик на мрежа, во која поединечните лакови се стабилизираат меѓусебно.Горниот челичен мост обезбедува пристап до спојницата што ја поврзува подземната железница со надземната железница.

Локација:          

Хамбург, Германија

Година:              

2018-2019