Stokuca

"Dilltalbrücke" – Хајгер, Германија

"Dilltalbrücke" е мост - автопат и е дел од 45-тиот Сојузен автопат. Тој се наоѓа во близина на градот Хајгер - Германија. Ова е втор мост изграден на веќе постоечки и е од типот на носечки сандучест мост. Претходникот на овој мост бил изграден помеѓу 1965 и 1968 година. Tогаш бил составен од плоча на вкупно 15 распони, со должина од 53.40m. Така, тие имале вкупна должина од 801m. Сегашниот мост се состои од вкупно 13 полиња со распони од 45-85m. Ова здание е изградено од страна на компанијата “Heilit-Woerner Bau AG“ од Минхен. Изграден е како посебен систем во широчина, од надградби со посебни сандучести носачи со пренапрегната ситноребреста бетонска плоча. Новиот мост беше одобрен во 2003 година за сообраќај.

Haiger

05 Haiger 2

Погледни PDF цртеж

1999- 2002