Stokuca

Историја

histОсновач и лидер на фирмата Стокуќа, во која главен акцент се става на челичните конструкции, е Г-дин. Зоран Стокуќа. Г-дин. Зоран Стокуќа има работно искуство повеќе од 30 години, а тоа значи високо ниво на знаење, посветеност и квалитет. Сето ова, па и повеќе, се основните темели на фирмата Стокуќа.

Неговите почетоци се во реномираната фирма,
“Искра - Куманово“. Во хронологијата на неговиот развој се впишуваат и работните искуства во Словенија, Ирак, Либијa, Русија, Хрватска и Србија.

По работниот периодот поминат во “Искра - Куманово“, тој основа соптвена семејна фирма, а после две години и партнерска фирма со партнер од Германија, во која има функција на директор и главен проектант за сите проекти. Поголемиот дел на проектите се поврзани со челичните конструкции: мостови, хали и повеќенаменски обејкти. По 11 години заедничка работа, во октомври 2010 година, Г-дин. Зоран Стокуќа се одвојува од таа фирма, превзема одреден дел од вработените и продолжува во семејната фирма. Го проширува тимот со вработување на нови архитекти и градежници и добива нов искусен инженер со 30 години работно искуство во водење на големи проекти. Со ова создава пат на оставрување на нови визии и идеји.

Фирмата Стокуќа е флексибилна, усвојуваме нови програми и имаме перманентен прогрес, а тоа ни дозволува да превземеме нови и потешки задачи. Нашата моќ е интердисциплинарна работа т.е. присутни сме и дејствуваме на повеќе полиња. Ги градиме врските врз база на бизнис-етика и партнерски односи.

Нашата цел е продолжување на фамилијарната традиција, која трае подолг период и пренесување на искуството и знаењето. Еден од нашите предци има учествувано во изработка на првиот проект за подземна железница во Белград, како и во изведба на инженерски објекти на пруги: тунели, мостови и вијадукти.

 
Вие сте тука: Дома Профил на компанијата Историја